Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 207 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, 41 мерка за возење без возачка дозвола, 14 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 10 мерки за непрописно престигнување и обиколување, девет за некористење сигурносен појас, пет за возач почетник.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2021 12:12