Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска го назначи Борис Настов за в.д. директор на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје, откако претходно од директорската позиција беше разрешен Бобан Црничиќ, соопштија од Град Скопје.

Од таму додават дека Борис Настов е дипломиран машински инженер со долгогодишно работно искуство на раководни позиции во Гранит АД Скопје, БАУЕР БГ Скопје, ЈП „Комунална хигиена“ Скопје и во Министерство за финансии



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2021 23:14