На ул.„Прашка“ во Скопје, синоќа во 21.40 часот во угостителски објект Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лиши од слобода К.Д.(39) од Скопје. Тој бил баран по четири централни потерници, по издадени наредби на Основен суд Скопје 1, поради сомнение за сторени кривични дела „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик од 2014 година, „тешка телесна повреда“ по член 131 и две кривични дела „учество во тепачка“ по член 132 од Кривичниот законик.

Како што соопштија од МВР, него му била одредена и мерка притвор по сите четири наредби. Лицето ќе биде предадено на казнено поправна установа.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2021 01:24