Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, пет за нерегистрирани возила.

Изречени се шест мерки за непочитување на првенство на минување, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 32 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2021 13:13