Прометот од продажбата на услугите во третото тримесечје од 2021 година покажува зголемување во однос на третото тримесечје од 2020 година за 5,5, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемување се јавува во повеќето оддели, а најмногу во одделот Туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги, како и дејности поврзани со нив, во кој изнесува 195,5 проценти. Во одделот Дејности на изнајмување и давање под закуп (лизинг) зголемувањето е 51,1 процент, а во одделот Објекти за сместување 35,9 проценти.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2021 15:48