Церемонија за отворање на твининг проектот „Подобрување на заштитата на вработените во случај на несолвентност на нивниот работодавач“ меѓу Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија како главна институција корисник и Министерството за труд и социјал и работи и семејство на Република Словачка, заедно со Регионалната развојна агенција од регионот на Братислава, Словачка, ќе се одржи денеска во Клубот на пратеници.

На настанот, како што најави Министерството за труд и социјална политика, ќе се обратат министерката Јагода Шахпаска, раководителот на Одделот за соработка при Делегацијата на Европската Унија Стефен Худолин, амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш и проект лидер од земјата членка Карл Јокл.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/12/2021 11:44