Во просториите на Europe House при Делегацијата на Европска Унија, денеска ќе бидат презентирани и анализирани економските аспекти од објавениот извештај за Македонија на Европската Комисија со посебен осврт на нивното влијание врз конкурентноста на компаниите, законската рамка за водење бизнис и се она што придонесува кон развојот на внатрешниот пазар.

Настанот е во организација на Европската Бизнис Асоцијација (ЕБА) претставувана од претседателката Катерина Бошевска и генерална директорка на EOS Matrix Македонија и Делегацијата на Европска Унија претставувана од Фрек Јанмат, раководител на одделението за економски прашања, градење на институциите и прекугранична соработка.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/12/2021 12:14