Со огромна почит према Сојузот на стопански комори на Македонија, изјавувам дека во емисијата „Стадион“ на националното радио Канал 77, јас полемизирав со новинарот, а не со институцијата за која никогаш не сум кажал погрешен збор. Ако е така како што тие тврдат во соопштението, тогаш ќе бидам најсреќниот човек да имам конкуренти со такви карактеристики како што тие самите ги истакнуваат.
Им посакувам многу успех во работата и што повеќе заеднички и координирани настапи на сите бизнис заедници во Македонија. Само така нашата заедничка работа ќе има успех.
Бранко Азески