Полициски службеници на СВР Штип денеска (16 декември) од 12 до 16 часот спроведоа акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, автобуси и комбиња. При контролата биле откриени и законски санкционирани девет технички неисправни возила. Шест од возилата (Штип-2, Берово-2, Кочани-1, Виница-1) имале неисправни сопирачки. Неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци.