Денеска (16.12.2021) во 19:25 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги во скопската населба Чаир го лишија од слобода Ќ.Б. (47) од Скопје, кој бил баран со потерница по Наредба на Основен Суд-Скопје 1 во врска со чл.237 од КЗ на РСМ, за издржување две години казна затвор.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.