Стопанската комора на Македонија, Министерството за финансии и Царинската управа денеска ќе одржат заедничка прес-конференција на тема „Закон за изменување на Законот за царинска тарифа и Договорот за соработка меѓу СКСМ и Царинската управа за едукација на економските оператори во доменот на царинското работење“.

На прес-конференцијата најавено е присуството на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, Фатмир Бесими, министер за финансии, Славица Кутиров, директорка на Царинската управа и Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2021 10:54