Полициски службеници од Оперативен тим Потраги во соодејство со Единицата за интервентна полиција-СВР Скопје, вчера, во 18:10 часот од угостителски објект лоциран во Т.Ц. “Мавровка” во Скопје го лишија од слобода Б.А. (58) од Скопје.

Како што баведуваат од МВР, тој бил баран со потерница по наредба од Основен суд-Скопје 1 во врска со чл.392 од КЗ на РСМ, осуден на една година и шест месеци казна затвор. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2021 11:45