Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 15 за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 17 мерки за возење под дејство на алкохол, 25 мерки за непрописно престигнување и обиколување, пет за користење мобилен телефон, 38 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.