Во текот на вчерашниот ден (17.12.2021) во периодот од 07.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 156 возачи.

Од нив, 40 на територијата на СВР Тетово, 40 исто така на територија на СВР Охрид, 24 возачи непрописно престигнувале на територијата на СВР Скопје... Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2021 13:27