На 17.12.2021 во 14.40 часот на ул.„Анастас Митрев“ во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи ги лишиле од слобода А.С.(26) и А.Л.(22), двајцата од Скопје.
На наведената улица А.С. бил забележан како на А.Л. ѝ дава марихуана, а таа нему пари. При нивен преглед, кај А.С. биле пронајдени пари, додека кај А.Л. била пронајдена марихауна и дробилка со остатоци од марихуана.
По целосно документирање на случајот против А.С. ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.