На 18/19.12.2021, во периодот од 21.00 до 03.00 часот, полициски службеници спроведоа зајакната акциска контрола на подрачјето на СВР Битола за санкционирање на возачи што управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 28 возачи. Од нив, 14 биле на подрачјето на Битола, 7 во Прилеп, 4 во Македонски Брод и 3 во Демир Хисар.

Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, изготвени им се законски предвидените поднесоци и ќе се соочат со парични глоби од 225 до 325 евра во денарска противвредност. Покрај тоа, на прекршителите им претстои и мерка времено одземање на возачките дозволи од 3 до 12 месеци. За време на контролата биле констатирани и санкционирани и 14 останати прекршоци.

Апелираме до возачите да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол со што ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2021 12:55