На 19.12.2021 во 17.30 часот во с.Трубарево, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(48) од Скопје.

За него била распишана Централна потерница по наредба на Основен суд Скопје 1 за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 229 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2021 13:19