Пред околу пет месеци ние жителите од ул. Лука Геров одржавме протест со цел да побараме санирање на проблемот на улицата, каде што беа отсечени над 200 куќи.

Тогашната локална власт не најде слух за нашиот проблем.

Веднаш по промена на локалната власт, остваривме средба со Градоначалникот Александар Стојкоски, на која му укажавме за проблемот со кој се соочуваме.

Градоначалникот лично се заложи за брзо решавање на проблемот.

Благодарност до Градоначалникот бидејќи денес конечно после пет месеци го реши овој наследен проблем со што цел дел од населбата, со над 200 куќи доби пристап до своите домови.

Со Почит, Граѓани од населба Даме Груев



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2021 00:28