На 19 декември 2021 во 01.00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа затвор Идризово било пријавено дека починал осуденикот Х.К.(44) од Република Албанија.
Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
На 18 декември 2021 во 13.10 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа затвор Идризово било пријавено дека починал осуденикот Ш.Ф.(76) од Охрид, кој имал здравствени проблеми.
Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.