Градоначалникот на Ѓорче Петров, Алексадар Стојкоски денес заедно со Амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Брнз, министерката за образование и наука, Мила Царовска, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и националниот координатор Катерина Николовска ги посети учениците кои ја следат состојбата на животната средина и вршат директни експерименти и истражувања кои имаат вистинско научно значење.

„Без разлика каде живееме, нашата заедничка врска е планетата Земја, а "GLOBE" ни овозможува на сите да откриваме за воздухот кој го дишеме, водата која ја пиеме и почвата која ја користиме.

ООУ „Мирче Ацев" е меѓу првите пет училишта во нашата држава кое ја има можноста да биде дел од програмата "GLOBE".

Вклучени се повеќе од 130 ученици од второ до осмо одделение кои преку практична настава се грижат за животната средина. Светската научна и образовна програма поврзува ученици, учители и научници од целиот свет. Како општина во која вложуваме континуирано во образовниот процес го превземаме првиот чекор за да ги поттикнеме учениците да го откриваат, истражуваат и проучуваат нивниот свет. Децата не треба да читаат наука, туку да ја проучуваат,а нам ни останува да им го овозможиме тоа“, вели градоначалникот Стојкоски



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2021 22:06