„Мерцедесот“ на претседателот на Стопанска комора за енергетика, Ѓорѓи Манасков се запалил синоќа во возење на обиколницата во близина на клучката „Мирковци“ и изгорел за неполни три минути. Во несреќата нема повредени лица.

-На 21.12.2021 во 21.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница, во близина на клучка „Мирковци“, настанал пожар во патничко возило во движење „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.М.(48) од Скопје, потврдуваат од МВР.

Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во несреќата нема повредени лица нема. МВР наведува дека веќе е извршен увид.

Информацијата синоќа ја објави Стопанската комора за енергетика на Македонија на својот Фејсбук профил.

-Експлозија во возилото во кое се возеше претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија г-дин Ѓорѓи Манасков со сопатник, кој возеше на автопатот кај обиколницата Визбегово према Скопје север, се наведува во објавата.

Во објавата се додава дека имало брза интервентна полиција, која била во близина и на противпожарната екипа, но сепак не успеале да го изгаснат пожарот на возилото Мерцедес С200 црна боја, кое изгорело до темел за неполни три минути. -Патниците се здрави и живи, се додава во објавата.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/12/2021 12:50