Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со преставници од Црвениот крст на општина Гази Баба, започнаа со доставување на хуманитарните пакети собрани од акцијата "Биди општествено одговорен - ДОНИРАЈ".

За посетата на семејствата, градоначалникот Стефковски објави на својата страна на фејсбук на која напиша:

"Утро на хуманоста во Гази Баба.Заедно со Црвениот крст од Гази Баба, утрово започнавме со доставување на хуманитарните пакети со храна и пакети со средства за хигиена.Посетивме семејства во социјален ризик. Среќен сум, што со нашата подадена рака, сме помогнале на семејствата барем за миг. Продолжуваме со посета на семејствата и во наредните денови."



Автор: Администратор
Објавено на: 22/12/2021 16:09