Триесет и три годишен прилепчанец со иницијали К.Ѓ. доби кривична пријава за сторени кривични дела разбојништво и разбојништво во обид, и е предаден на основното јавно обвинителство.

Прилепската полиција вчера го приведе прилепчанецот кој се сомничи за двете кривични дела направени во две различни аптеки во Прилеп, на 13 и на 18 овој месец. Со тоа се расчистени двете кривични дела, информираат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/12/2021 16:23