Денес ги посетивме децата кои се сместени во детскиот интернат во ООУ “Гоце Делчев”.

Како Општина Бутел обезбедивме нова спортска опрема и бесплатен тренинг во таеквондо клубот Гоце Делчев во училиштето. Исто така децата добија зимски јакни и топли обувки. Ги израдувавме и со новогодишни пакетчиња.

На нивно барање во најбрзо време ќе добијат и конзула за играње и нови компјутери, информираше на социјалните мрежи градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/12/2021 16:54