Жител на Младо Нагоричане бил приведен, бидејќи агресивно се однесувал кон полициски службеници и оштетил инвентар во угостителски објект во Куманово, соопшти денеска полицијата.

– Вчера во 14:24 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Д. (49) од село Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, затоа што оштетил инвентар во угостителски објект на улица „Доне Божинов“ во Куманово и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од полицијата.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2021 14:21