Основното јавно обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Осомничениот 22-годишник неовластено заради продажба кај себе држел 98,98 грама наркотична дрога, кокаин.

-Дрогата била откриена на 21 декември, кога полициски службеници се обиделе да го запрат возилото со кое управувал осомничениот пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Тој не застанал и со автомобилот продолжил да се движи. По претходна слушната објава по радио врска, автомобилот го забележал и сопрел друг полициски службеник на булеварот „ВМРО“. Притоа, осомничениот се обидел да го фрли пакувањето со дрога во средишната жардињера од булеварот и да побегне, но бил спречен во намерата и приведен​, соопштуваат од обвинителството.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2021 16:01