Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, заедно со претседателот на Советот Дијана Илиевска денес 23.12.2021 година беа во посета на населеното место Страчинци, каде што се означи крајот на градежните работи за изградба на првата фаза на фекална канализација во Страчинци.

- После 50 години, жителите на Страчинци добиваат фекална канализација. При посетата направивме увид и на изградбата на потпорниот ѕид во подрачното училиште во Страчинци, информираше Стефковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2021 00:37