Поради санирање на уличен водоводен дефект на крстосницата на улиците „Црвена Вода“ и „Дане Крапчев“, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од „Црвена Вода“ на потегот од улицата „Рузвелтова“ до „Дане Крапчев“ во Дебар Маало во Општина Центар.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато во 9 часот и ќе трае до отстранување на дефектот.