Без вода денеска од 9 часот се корисниците од улицата „Ташко Караџа“ и дел од улиците „Трифун Хаџијанев“ и „Хрсто Ботев“ во населбата Автокоманда во Општина Гази Баба.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека причината за прекинот е уличниот дефект ф-100 милиметри на улицата „Tашко Караџа”.
Корисниците ќе бидат без вода до санирање на дефектот.