На повеќе локации во општина Илинден е поставена хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, со цел подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Во тие рамки се реализира проектот за подобрување на сообраќајната сигнализација на постојните улици, соопшти општина Илинден. На неколку локации во населба Илинден обележана е хоризонталната сигнализација, со што покрај подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, сообраќајниците во Општината добиваат нов лик. Притоа, на барање на жителите обележани се нови пешачки премини.
Во рамките на одржувањето на вертикалната патна сообраќајна сигнализација, а со цел поголема информираност на учесниците во сообраќајот поставени се сообраќајни знаци на критичните точки во повеќе населени места на територија на општината.