Денес стопиравме изградба на уште еден нелегален објект, уште еден обид да се прекрши законот и законските процедури.
Непознат сторител, без да поседува никакво одобрение за градба си поставил армирано-бетонска плоча на улицата „Борис Трајковски“.
Овој објект денес е срушен и ваквото однесување и навики од минатото завршуваат.
Како што најавив, нашите жители ќе видат еден нов начин на управување со општината, ќе видат што значи нетолеранција на беззаконие и казна за криминалот.
Законот постои за да се почитува и ќе важи поеднакво за сите.
Никој не е и нема да биде над него!, информираше градоначалникот Ѓорѓиевски.