Усвоен буџетот за 2022 година!
Советот на општина Гази Баба, денес го усвои Буџетот за 2022 година.
Во Буџетот, се определени средства за:
Нова детска градинка
Нова училишна спортска сала во Булачани
Фекална канализација за Гоце Делчев, Јурумлери, Страчинци, Црешево, Смилковци и Трубарево
Продолжување на градбата на салата во училиштето во Стајковци
Асфалтирање на улици во Јурумлери, Трубарево, Инџиково и сите други населени места
За прв пат се воведуваат субвенции за граѓаните за велосипеди, електрични тротинети, уреди за вградување на течен нафтен гас на автомобилите и чистење на оџаците, како и продолжување на субвенциите за инвертер клима уреди и печки на пелети.
Како и многу други проекти од сите области на секојдневното живеење.
Буџетот за 2022 година е најразвојниот буџет во историјата на општината.
Следува година на реализација на голем број на проекти. Општина Гази Баба мораме и ќе ја направиме подобро место за живеење.
Боби Стефковски, Градоначалник на Гази Баба За тоа го имате мојот збор!