Градоначалничката Данела Арсовска денеска во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ се сретна со членови од Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ и на дечињата им подели новогодишни пакетчиња.

Како што соопшти прес-службата на Град Скопје, градоначалничката ја искористи оваа можност директно да разговара со родителите на децата, околу проблемите со кои тие се соочуваат секојдневно.

Подобрувањето на условите за живот на лицата со попреченост, посебно најмладите е една од главните цели на градската администрација, што и е предвидено во новата програма за следниот четиригодишен период, стои во соопштението на Град Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2021 03:05