ЈП Улици и патишта ја повика полицијата да не дозволи да се направи метеж низ Скопје во периодот кога семафорите во централното градско подрачје нема да работат, односно од 8 до 15:30 часот.

-Како што веќе информираа од ЕВН, ќе има вонредно исклучување на семафорите во центарот на Скопје, поточно кај „Веро џамбо“, Кеј 13 Ноември, Правен Факултет и улицата Мирче Ацев, делот кај паркингот „Холидеј ИНН“ и околината. Причината е што овој дел од градот во тој период ќе остане без електрична енергија, се наведува во соопштението на јавното претпријатие.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2021 03:05