Вчера во 20:10 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север при контрола во автобус на превозно претпријатие од Тетово, констатирале дека возачот Ш.А.(56) од Тетово не поседувал лекарско уверение.
Исто така, во 23:10 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север извршиле контрола во автобус на превозно претпријатие од Данска. При контролата било констатирано дека едниот возач Б.Ш.(36) од Тетово не поседувал лекарско уверение, а другиот возач Б.С.(42) од Тетово не поседувал лекарско уверение и сертификат за професионален возач за меѓународен превоз на патници и стока.
Лицата и документите биле предадени на Царинската управа за понатамошна постапка.