Со настап на музичарите Таско, Лина Пејовска, Некст Тајм, ДНК, Сара Мејс и Крисмас грлс, како и магионичарското шоу и Светот на Биби, пред платото на Трговскиот центар Капитол мол во Општина Аеродром ќе се одржи предновогодишна хуманитарна забава „Најмладите за Аеродром“.

Од Општината информираат дека во рамките на настанот ќе се организира и новогодишен базар, на кој посетителите ќе можат да купат новогодишни честитки и рачни изработки на децата од градинките и учениците од прво до петто одделение во основните училишта.

Со средствата што ќе бидат собрани од оваа акција, ќе бидат помогнати голем број семејства од социјално-ранливите категории во Аеродром.

Хуманитарна забава, велат од општината, ќе биде организиран според сите протоколи во услови на КОВИД-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2021 13:14