Во пресрет на претстојните празници, денеска напладне во Паркот „Шопен“ во Кисела Вода ќе се одржи Новогодишен хуманитарен базар.

Базарот е во организација на градоначалникот на Кисела Вода, Здружението „Куќа на среќата“ и „Здружение на родители на деца заболени од церебрална парализа“- Скопје.

На настанот ќе бидат поделени пакетчиња за децата со попречености. Ќе се продаваат изработки од децата од градинките од Општина Кисела Вода, а средствата од продажбата ќе бидат наменети во хуманитарни цели за потребите на лицата со попреченост.

Предвидена е и музичко-сценска програма, а за најмладите ќе биде присутен Дедо Мраз, информираат од Општина Кисела Вода.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2021 13:32