Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска им додели новогодишни пакетчиња на децата во СОС Детско село, и им ги честита новогодишните празници.

-Попладнево бев во новогодишна посета на СОС Детско село. Имав чест да бидам гостин во едно од семејствата, сместени во рамки на Детското село. На дечињата им доделив новогодишни пакетчиња, по што им ја честитав новата година, им посакав добро здравје, среќа и успех на секое поле од нивното делување. СОС Детското село во мене како градоначалник на општина Гази Баба ќе има пријател и сојузник, напиша Стефковски на свјоот фејсбук профил.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2021 16:03