Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, договори директна соработка на локалната власт со ЈП „Лајка“ за креирање стратегија за делување во насока на решавање на проблемот со бездомни кучиња на територијата на општината.

Конструктивна средба со новиот директор на ЈП ЛАЈКА – Скопје. Заеднички ги мапиравме критичните точки каде се групираат уличните кучиња и договоривме веднаш да реагираме со акција за заловување и стерилизација.

Свесени сме за проблемот, особено појавата на кучиња пред и во дворовите на училиштата. Во таа насока со в.д. директорот договоривме да организираме посебна стратегија и серија настани во образовните институции што во иднина ќе помогнат од едукативен аспект.

Во меѓувреме, апелирам да се внимава и да не им се фрла храна на животните во училишните дворови каде се движат децата.

Исто така ги повикуваме граѓаните на Општина Бутел кои се во можност да вдомат милениче во своите домови со што ќе помогнат во целиот овој процес – информира градоначалникот Костовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2021 03:50