Златко Перински е новиот в.д. директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кој од денес, 28.12.2021, го превзема раководењето на претпријатието кое во изминатите четири години беше управувано од страна на Душко Весковски.

Перински е магистер по менаџмент за човечки ресурси со менаџерско искуство во приватниот сектор, а има искуство и како дел од раководниот тим на Спортскиот центар Борис Трајковски. Перински има работно искуство во повеќе успешни компании со подружници во 7 европски земји, управувал со застапништва на германска и на грчка компанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2021 16:10