Бараме итно да се запрат сите градежни активности на Водно.
Да се запре со сечење на шумата на Водно.
Се води судски спор “Плацови на Водно” , со кој се истражува и преиспитува законитоста па постапките за продажба на земјиштето.
Со тоа бараме да не се преземаат никакви активности во подрачјето, сѐ до правосилно завршување на судскиот процес.
Сето ова е во прилог на заштита на јавниот интерес и безбедноста на граѓаните, кои се загрозени од сечата на шумата и градењето. Научно и со анализи е докажано дека шумата на Водно има клучно значење за заштита на Општина Центар од поплави и порои и е круцијална во борбата против загадувањето на воздухот.
Бараме да се избегнат и големите трошоци за пробивање на исклучително стрмен пристапен пат до локациите на кои се планира градба, а со тоа и да се заштити правото на приватна сопственост на жителите на кои им се планира одземање на делови од дворовите за пробивање на патот.
На средбата меѓу претставници на општината и жителите на Водно која се одржа во понеделникот, жителите најавиле тужба и дека ќе бараат времена мерка за запирање на градежните зафати. Симптоматично е што само неколку часа подоцна, во раните утрнски часови во вторникот инвеститорот со приватно обезбедување почнува да ја оградува парцелата.
Бараме општината итно, јасно и со конкретни мерки да застане во одбрана на јавниот интерес и безбедноста на граѓаните.
Советничка група на Шанса за Центар