Предлог-Буџетот на Град Скопје за 2022 година со Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2022 година ќе биде на дневен ред на денешната трета седница на Советот на Град Скопје.
На дневен ред се и предлог-одлуките за именување членови на управните одбори на неколку јавни претпријатија: на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, ЈП „Паркови и зеленило“-Скопје, ЈП 2Улици и патишта“-Скопје, ЈСП Скопје-Скопје, ЈП „Градски паркинг“-Скопје, ЈП „Лајка“-Скопје и ЈП „Депонија Дрисла“-Скопје.
Меѓу точките по кои ќе расправаат советниците на Град Скопје се и Предлог-Одлуката за изменување на Одлуката за субвенционирање на ЈП „Паркови и зеленило“-Скопје, Предлог-Планот на програми за развој за периодот 2022-2024 година