На 28.12.2021 во 16.10 часот полициски службеници од Полициската станица Гази Баба во кругот на РЖ Товарна – Трубарево, ги затекнале Б.К.(58) и Н.А.(46), двајцата од Скопје, при вршење на кривично дело „тешка кражба“.

Двајцата краделе гориво од вагоните, при што имале украдено околу 300 литри гориво. Тие биле лишени од слобода, а украденото гориво било вратено на оштетеното правно лице. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/12/2021 03:08