Град Скопје ги информира граѓаните дека мерката за бесплатен автобуски превоз, која беше прогласена завчера, се укинува и почнувајќи од утре престанува да важи.

Одлуката е донесенa поради подобрување на состојбата со загаденоста на воздухот и по добиено известување од Министерството за животна средина и просторно планирање, а врз основа на податоци од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух.

Мерката за бесплатен јавен превоз во главниот град беше активирана на 27 декември откако два дена последователно беше надминат прагот на алармирање за ПМ10 честички во воздухот.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/12/2021 03:08