СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.Н.(39) од Струмица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.

А.Н. во втората половина на ноември 2021 година прибавил банкарски податоци за платежна картичка, сопственост на оштетената А.П. од Струмица, а потоа на 25.11.2021 преку интернет извршил нелегална трансакција.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/12/2021 05:16