Обвинителен акт е поднесен и против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори.

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен предлог против 42-годишно службено лице – виш референт – матичар во Подрачна канцеларија Гостивар кој издавал документи на лице кое не е законски застапник или полномошник на лицата на кои тие документи се однесуваат.

Обвинетиот се товари за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување.

– Искористувајќи ист траен однос и исти прилики, обвинетиот, спротивно на одредбите од Законот за заштита на личните податоци и од Законот за матична евиденција, издал извод од книга на венчани и три изводи од матична книга на родените иако знаел дека лицето на кое ги издава документите не е законски застапник или полномошник на лицата на кои тие документи се однесуваат, стои во соопштението од Основно јавно обвинителство.

Дополнуваат дека со ова обвинетиот ја искористил својата службена положба и неовластено ги открил и направил достапни личните податоци на лицата содржани во изводите.​​

Обвинителен акт е поднесен и против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори.

– На 14 ноември, при претрес во домот на обвинетиот 39-годишен скопјанец во Бутел, беа пронајдени 23,55 грама психотропна супстанција – амфетамин и 0,85 грама наркотична дрога – марихуана, спакувани во помали полиетиленски пакувања и наменети за натамошна продажба. Освен ова, при претресот беше пронајдена и дигитална вага и други предмети со остатоци од дрога, стои во соопштението од ЈО.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетиот.​



Автор: Администратор
Објавено на: 31/12/2021 01:51