[photo] Денес го потпишав воведот во работа за ново општинско основно училиште во Визбегово.
Процедура која ја започна Општина Бутел уште во 2014 година. Тогаш како советник гласав за отпочнување на целата постапка а денес како градоначалник во соработка со МОН ќе изградиме ново општинско основно училиште во Визбегово.
Направивме увид на градежната парцела каде наскоро започнуваме со градежни активности и поставување на камен темелник. Како Општина Бутел во најбрз рок ќе ги обезбедиме сите потребни работи за непречено одвивање на градежните активности. Инвестицијата во општинското основното училиште е во вредност од 106 509 812,00 денари и ова училиште ќе има капацитет за над 500 ученици.
Конечно овој проблем ќе биде решен и во учебната година 2023/2024 ќе имаме ново општинско основно училиште!