Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, директорот на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Златко Перински, ги посети децата згрижени во СОС Детско село.
Како што соопштија од претпријатието, при посетата им биле поделени скромни подароци на децата и била остварена средба со Јулијана Накова Гапо, национален директор на СОС Детско село Македонија.
-На средбата беше потврдена успешната соработка меѓу ЈП „Водовод и канализација“ и СОС Детско село, како и нејзиното продолжување во иднина- соопштија од ЈП „Водовод и канализација“.