Денес, 30.12.2021 година во посета на општина Гази Баба беа членовите на Здружението на граѓани "Совет на родители на деца и лица со церебрална парализа Златни Ангели", тие во општината имаа средба со градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, претседателот на Советот Дијана Илиевска и Дедо Мраз.
На средбата дечињата со церебрална парализа добија новогодишни пакетчиња.
Градоначалникот Стефковски истакна дека неговата и поддршката од општина Гази Баба ранливите категории на граѓани ќе ја имаат постојано.