Автобусите од јавниот превоз во Скопје денеска ќе сообраќаат по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред. В недела (2 јануари) ќе се вози по неделен возен ред, со вообичаените термини на првите вклучувања на сите линии, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Дежурни денеска од 10 до 17 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров. В недела (2 јануари) дежурни од 7 до 19.30 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а од 7 до 13 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров.

Жичарницата денеска ќе работи од 11 до 17 часот, в недела од 10 до 17 часот. В понеделник (3 јанаури), нема да работи, бидејќи секој понеделник, како и секој последен вторник во месецот се прави редовен преглед на објектот.

Поради училишниот зимски распуст, од понеделник (3 јануари) јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимски ред.

ЈСП потсетува дека за време на зимскиот распуст нема да важат годишните средношколски билети за бесплатно користење јавен превоз.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/01/2022 12:59